Утре ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Од:

Во Свечената сала на Собранието, утре, во 12 часот, одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2018 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, им се доделува на: Кимет Агаи и Аднан Агаи, просветни работници; наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на: Владимир Милчин – режисер, Емилија Стаменковиќ (Џипунова) – балетски уметник, и Томислав Османли – писател, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Борислав Каранфилски, патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање