А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Одговорност ќе има за сите вмешани во случајот со прислушување на ЈО

by А1он07/12/2018 - 18:22114
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ шири лаги од нивниот скапоцен дворец којшто е симбол за криминал, расипништво, злоупотреби и прекршување на човекови права.

Добивај вести на вибер

Крајно несериозно и потценувачки кон јавноста и граѓаните е ВМРО-ДПМНЕ лажно да обвинува други за прислушување. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ е партијата што го спроведе масовното прислушување, јавно соопштените информации од надлежните институции говорат дека и опремата за прислушување во ЈО била инсталирана во 2013 година кога оваа партија имаше апсолутна власт во државата.

Јавни признанија и сведоштва секојдневно потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги прислушувала сите кои немале исто мислење со нив, новинари, лидери на партии. Според јавните искази, токму „8миот кат на скапоцениот дворец“ бил центар од каде бил испланиран и спроведен бруталниот напад на Собранието на 27ми април.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени единствено на одбрана на криминалот на Груевски

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да разбере дека ќе има одговорност за сите кои се вклучени во случајот со прислушување на Јавното обвинителство.

Истрагата е во тек и ќе се откријат сите инволвирани во овој скандал“, се вели во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен