Србија не би се осудила да прати свои сили на Косово, но доколку тоа се случи територијата би ја бранела Америка, кажа премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
-Србија не се осудува да испрати војска на Косово. Би бил доволен само еден американски војник. Во тој случај САД ќе не бранат, рече Харадинај во интерју за приштинскиот портал „Инсајдери“.
Тој рече дека војска на Косово ќе се формира и покрај како што вели дека некои членки на НАТО се противат.
Харадинај истакна дека САД се категорично за формирање војска на Косово и уверен е дека поради тоа и ќе се случи тоа.