(ВИДЕО) Арсовски: Се уште не знаеме кој прислушувал во обвинителството и кој се ги има тие разговори

Од:

Осми ден молчат од СДСМ за скандалот со прислушувањето. Осми ден Зоран Заев и Оливер Спасовски не преземаат ништо и не ја известуваат јавноста за ништо. Очигледно нешто сакаат да сокријат, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично. Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана? Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал? Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста? За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор, рече Арсовски.

Според него, молкот на целата Влада е само потврда на сето она во кое што се сомневаат граѓаните, а тоа е дека за овој скандал се најодговорни Заев и Оливер и дека мора да сносат одговорност и да си поднесат оставки.

– Овој скандал е олицетворение на принципот на владеење на Зоран Заев и СДСМ. Неопходни се оставките на Заев и Оливер за да не ја попречуваат истрагата за скандалот. Оставки и тоа уште веднаш, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?