Момчето на кое што Меси му го исполни сонот, преживува ноќна мора по средбата со својот идол

Од:

Малиот Муртаза Ахмади од Авганистан стана популарен откако носеше импровизиран дрес од Лионел Меси, кој му го направил неговиот брад од најлонска ќеса. Откако фотографијата стана популарна, Аргентинецот му го исполни сонот – на натпревар во Дубаи го изнесе на терен, му поклони свој дрес и помина еден ден со него.

Меѓутоа, после тоа животот на малиот Ахмади се претвори во ноќна мора, бидејќи беше протеран од неговиот дом, каде што му останаа дресот од Меси и топката која што ја доби како поклон.

Заедно со семејството, тој избега во Пакистан, но поради сиромаштијата повторно се вратија во Кабул. Сега живеат во изнајмена соба, пренесуваат авганистанските медиуми.

– Ми недостигна куќата. Тука немам ни топка, не можам да играм фудбал и нон-стоп се слушаат експлозии. Дресовите и топките ми остана во куќата бидејќи моравме да бегаме и мајка ми ми рече да оставам се, му напиша малиот Муртаза на Меси.

Талибанците го барале момчето и му рекле дека ќе го убијат, бидејќи тие не толерираат фудбал. Му се заканиле дека ќе го киднапираат и ќе го исечат на парчиња, што го загрижило неговото семејство.

Во меѓувреме, авганистанските сили ги протераа талибанците од таа област, но семејството на Муртаза не може да се врати во својата куќа.

Неговата мајка не смее да го пушта надвор, да игра со другите деца, поради страв дека ќе биде киднапиран.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан