Клиничката болница во Штип доби нови апарати

Од:

Нов видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија во Клиничката болница во Штип, вреден 100 илјади евра, промовираа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорот на таа јавна здравствена установа Ален Ѓеорѓијев.

Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, а е наменет за пациентите од Штип и околните места. Покрај ендоскопот, во болницата има 10 нови кревети со пациентмонитори и инфузомати и перфузори во коронарната единица, но и нова центрифуга машина во Клиничката лабораторија. Набавен е нов екстензионен стол за ортопедски и трауматолошки операции.

– Пред некој ден се изведе една спинална операција. Тоа е операција на ‘рбетниот столб. Тие интервенции почнаа уште пред некое време, но по повеќемесечна пауза сега повторно почнаа да работат лекарите и тоа на нов и специјален ортопедски стол, кој овозможува соодветно позиционирање на пациентите и со тоа практично аплицирање методи кои досега не се применети во оваа болница, рече Филипче.

Директорот Ѓеорѓијев истакна дека првпат после 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење на алишта.

Филипче потенцира дека на средбата со Ѓеорѓиев разговарале и за дисперзирањето на лекарите специјалисти од Штипската клиничка болница во други здравствени домови во регионот, каде недостигаат, со цел пациентите да не патуваат од еден до груд град.

Клиничката болница во Штип е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски