Ѓорчев во Вашингтон се сретна со конгресмените Питинџер и Хадсон

Од:

Пратеникот Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија на САД.

На средбите со двајцата конгресмени стана збор развивањето на билатералните односи меѓу САД и Македонија, како земји кои имаат потпишано договор за стратешко сојузништво и партнерство.

Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија, влошените енономски индикатори, политичкиот прогон, контролата на институциите од страна на власта и проблемот со слободата на медиумите.

Конгресмените Питинџер и Хадсон се заблагодарија за посетата и нагласија дека со внимание ќе ги следат состојбите и случувањата во Македонија.

Ѓорчев се заблагодари на приемот, нагласувајќи го долгогодишното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии на десниот центар, споделувајќи заеднички вредности.

На крајот, пратеникот Ѓорчев им изрази сочуство на американските конгресмени по повод смртта на поранешниот претседател Џорџ Буш, кој беше голем пријател на Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ