Василевски: Никој не ја знаеше режијата, бевме статисти на игра за која не бевме свесни

Од:

Никој не ја знаеше режијата, сите ние бевме статисти на еден фронт играјќи игри за кои не бевме свесни вклучувајќи ме и мене, рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа кој беше посочен како главен оперативец на Управата за безбедност и контраразузнавање за извршување на операцијата за „крвавиот четврток“.

Василевски изјави дека поранешниот министер Спиро Ристовски и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски биле оние кои ги контролирале водачите на протестите, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски.

Василевски повтори дека целата операција се водела од оперативниот штаб сместен на осмиот кат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде бил и тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

– Никој не го посакуваше тоа што се случи на 27 април. Тоа беше хорор кој јас го доживеав, го споделив со Јавното обвинителство, а денеска го споделувам со македонската и меѓународната јавност со цел Македонија да оди напред, рече Василевски.

Обвинетиот исто така кажа дека дел од инволвираните во случајот добиле финансиски средства за водење на процесот околу 27 април.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски