За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво најавува изложба на астрофотографии насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“. Изложбата, поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе биде отворена на 7 декември во 20 часот во Домот на АРМ.
Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Покрај астрофотографијата, Скопското астрономско друштво е познато како важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади, одржани се бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.
Изложбата ќе биде отворена во Домот на АРМ до 16 декември. Влезот на изложбата, вклучително и на отворањето, е слободен.