Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Од:

Скопското астрономско друштво и Младинскиот културен центар денеска и утре организираат по две предавања во Планетариумот.

Предавањата денес се од 19.30 и од 20.30 часот, а утре од 19 и од 20 часот. Предавач е Радан Митровиќ, кој ќе ги запознае заинтересираните со најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

– Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас, соопшти МКЦ во чиј состав е Планетариумот.

Билетите по цена од 150 денари се во ограничен број и може да се набават на билетарницата на МКЦ.

Би можело да ве интересира

Вечерва порамнувањето на пет планети со Месечината-што значи тоа?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Јупитер и Сатурн изгледаат како една сјајна ѕвезда, реткиот астрономски феномен видлив од вечерва

Жарко Настоски

Се урна легендарниот радио телескоп Аресибо во Порторико, заслужен за многу астрономски откритија

Жарко Настоски

На Венера има живот, претпоставуваат научниците

Жарко Настоски

Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Ана Ололовска

Воведен курс по астрономија на „Скопско астрономско друштво“