Пофалница за македонски ученик на Меѓународната олимпијада по астрономија во Сучава, Романија

Од:

Седумчлена екипа од Македонија, пет ученици, еден професор и студент на универзитетот Браун, учествуваа на Меѓународната олимпијада по астрономија и астрофизика (МОАА) што се одржа во Сучава, Романија од 1 до 11 август.

Дејан Максимoвски од ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел, Андреј Симески и Ангела Митрoвска од ПСУ „Јахја Кемал“ – Автокоманда, Томе Кириази од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, Фросина Панчева од ПСУ „Јахја Кемал“ – Струмица, Станиша Вељковиќ, професор по физика во ПСУ „Јахја Кемал“ – Автокоманда и Филип Симески, студент на универзитетпт Браун беа меѓу 220-те учесници од четириесетина земји. Во ваква силна конкуренција, Максимовски освои пофалница.

Успехот на Дејан, но и на другите четири членови на националниот тим, како што велат од Македонското астрономско друштво, треба да се сфати како голем и историски за да се поттикнат новите генерации да вложуваат во себе и во развојот на науката.

DejanAstronomija

– Кога ќе се земе предвид тежината на овој натпревар, но и на условите за изучување астрономија во Македонија, овој успех има исклучително значење за развој и афирмација на науката меѓу младите. Сите учесници на натпреварот во нашата земја го имаат стекнато целото знаење на оваа тема на своја добра волја и поради лична заинтересираност за оваа најстара наука, бидејќи астрономијата не е понудена како предмет во средното образование, истакнуваат од Македонското астрономско друштво.

Македонскиот тим беше избран на натпреварот по астрономија што се одржа на 29 март годинава во рамки на Зимската астрономска школа, во организација на Македонското астрономско друштво.

Ова беше второ учество на Македонија на оваа најпрестижна меѓународна Олимпијада по астрономија. МОАА првпат се поддржала во 2007 година во Чанг Маи, Тајланд. Оттогаш, бројот на учесници е се поголем.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска