Албанија ќе претседава со ОБСЕ во 2020 година

Од:

Албанија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2020 година.

– Повеќегодишното барање на нашата земја денеска доби зелено светло. Од 1 јануари 2019 година, Албанија станува дел од тројката. Веста ја објави актуелниот претседавач на ОБСЕ, Италија на Твитер, јавија албанските медуми.

Одлуката ја поздрави амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, кој искажа поддршка за оваа значајна улога,што Албанија ќе ја преземе во 2020 година.

-Амбасадата на ЕУ во Албанија ја поздравува одлуката за одобрување на кандидатурата на Албанија за претседавање со ОБСЕ. Со нетрпение очекуваме да ја дадеме нашата поддршка на Албанија и за оваа значајна улога, напиша евроамбасадорот Сореца на Твитер.

Седиштето на ОБСЕ е во Виена, во неа членуваат 57 земји од Европа, централна Азија и северна Америка.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија