Постигнат договор помеѓу ЕВН и жителите на Бутел, струја ќе добијат уште вечерва

Од:

Екипи на ЕВН веднаш ќе излезат на терен да го поправат дефектот за жителите во близина на капелата на Градските гробишта Бутел уште вечерва да добијат струја, а тие, пак, ќе ги отстранат блокадите. Ова било договорено на денешната средба на жителите и ЕВН, со посредство на градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски оти сообраќајната блокада беше на територија на Бутел.

Од ЕВН велат дека екипите ќе чекаат да се тргне блокадата за да можат да се пробијат до куќите кои немаат струја, оти од синоќа од 20 часот жителите поставија блокади кои останаа и денес, цел ден.

„ На последниот состанок е најдено решение. ЕВН ќе го санира дефектот, корисниците ќе ја намалат потрошувачката, разумно ќе користат електрична енергија за да нема дефекти, а од утре екипите ќе почнат со реконструкција на дистрибутивната мрежа. Со тоа ќе се добие сигурност во снабдувањето и ред во користењето на електричната енергија“, велат од ЕВН.

Жителите вчера попладне решија да ја блокираат крстосницата на улиците Босна и Херцеговина, Александар Урдаревски и Кемал Сејфула откако три дена немале струја. ЕВН соопшти дека секоја година имаат проблеми со потрошувачите од кои еден мал дел се на територија на Бутел, а поголемиот спаѓаат на Шуто Оризари поради диви приклучоци и неконтролирано трошење струја што доведувало до чести дефекти на трафостаницата. Од таму сметаат дека решение е реконструкција на целата мрежа, зафат кој досега жителите не им дозволувале да го направат.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните