Влатко Ѓорчев оддаде почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во Конгресот на САД

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш.

Пратеникот Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во холот на Конгресот на САД.

„Претсдателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под Уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД”, изјави Ѓорчев.

Пратеникот Ѓорчев се запиша во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.

За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус