Мицкоски се сретна со Мекалистер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија Дејвид Мекалистер. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија членството во Европската Унија и НАТО организациите.

Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон.

Воедно посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните.

Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции но и дека владата има недоволен учинок на тој план што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси.

Во однос на уставните измени Мицкоски посоци дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус