А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Истрагата ќе утврди кој прислушувал

by А1он04/12/2018 - 17:1786
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ со својата лажна загриженост и антидржавна политика ја потценува јавноста и граѓаните на Македонија.

Добивај вести на вибер

Крајно несериозно и лицемерно е партијата која е одговорна за најголемиот скандал со прислушување и со кој беа прекршени човековите права да зборува за прислушување и тоа со информации кои и овој скандал го поврзуваат токму со нивното криминогено раководство.

Податоците соопштени од МВР, говорат дека опремата за прислушување била поставена уште во 2013 година, време кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт и целосна контрола врз институциите.

Наместо да се кријат зад празни прес конференции, наместо да прераскажуваат лоши „вицови“ на криминалецот Никола Груевски, Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да кажат која била нивната улога и што се знаеле за масовното нелегално следење на комуникациите на граѓаните, вклучително и на прислушувањето на Јавното обвинителство.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите кои се инволвирани во овој случај.

Повиците на протест за одбрана на криминалот нема да ги спасат од одговорност оние кои ги прекршиле законите. Ќе има правда и одговорност, црното време на неказнивост и масовна злоупотреба на институциите заврши со заминување на ВМРО-ДМНЕ во опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен