(ВИДЕО) Менкиноски: Сугарески во допис образложува дека во „Топлик“ нема материјална штета

Од:

„Свесни сме за периодот во кој се наоѓа Република Македонија, црниот период, период на прогони и период на необјективност и период во кој навистина нашето општество има една голема криза која мислам дека ќе почнеме да ја надминуваме.

Во рацете држам еден допис кој е од министерот за транспорт и врски, Сугарески. Во овој допис Сугарески образложува дека во предметот „Топлик“ нема материјална штета“, рече Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително министерот Сугарески, образложува дека штетата која е претпоставена од страна на Јавното Обвинителство нема да ја побаруваат и дотолку повеќе господинот Сугаревски во крајната сентенца на неговиот допис наведува дека со постапката која се водела се заштитени имотните интереси и права на Република Македонија.

Би сакал да потенцирам, да упатам една порака и прашања до одредени релевантни институции во Република Македонија кои не малтретираа со така наречени процеси, како што е процесот „Топлик“. Зошто и од која причина го премолчуваат овој доказ поготово СЈО кое има обврска согласно Законот за кривична постапка да ги достави сите докази кои се во штета, но и во полза на обвинетите.

Да не заборавиме јавното обвинителство една од улогите согласно во законот е и да ги штити основните човекови права на обвинетите.

Со овој доказ, со овој допис кој е доставен, со откажувањето на Министерството за транспорт и врски за оштетно побарување не постои кривично дело. Ние повеќе немаме предмет.

Јас не знам и од која причина се уште Јавното Обвинителство го нема откажано гонењето по овој предмет и зошто го нема информирано судот и го нема повлечено обвинителниот акт.

Сметам дека е многу важно во целата оваа постапка овој прогон да заврши бидејќи овие докази се круцијални и битни за целиот предмет“, изјави Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски