Алексоски за сведочењето на Младеновски: Ги охрабрувам обвинетите да кажат се, но не и да лажат

Од:

„Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат се, но не и да лажат“, вели во писмена изјава Синиша Алексоски, советник во Кабинетот на претседателот во врска со обвинувањата за негова вмешаност во настаните од 27 април.

„Минатата година во Основното Јавно Обвинителство испративме збир на извештаи во врска со случајот 27-ми април, пред, за и потоа, вклучително и моите активности кои беа предмет на јавен интерес. Единствено што не е испратено е позитивното полиграфско тестирање за отфрлање на гласините, обвинувањата и потврда на автентичноста на моите изјави во извештаите.

Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат се, но не и да лажат. Запознаен сум дека, правно, обвинетите имаат право да дадат лажен исказ во своја одбрана. Но, изјавите на обвинетите дека биле изманипулирани и слепо верувале на измамници не можат да се поткрепат со конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла казала муабети. Кој што им ветувал, кој ги лажел, како ги манипулирал, на кои имиња се повикувале за лагата да им биде поуверлива, нема да им ја намали одговорноста.

Ова е уште еден очаен обид и намера да не инволвираат во измислената во нивни глави, воена или вонредна состојба. Доколку знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација“, се вели во писмената изјава испратена преку Кабинетот на претседателот.

Младеновски на вчерашното сведочење изјави дека од кабинетот на претседателот Иванов биле запознаени со планот за 27 април по инцидентот во Собранието Иванов да прогласи вонредна состојба и да ги уапси пратениците од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески