(ВИДЕО) Костадинов: Настаните од 27 април не биле случајни, станува збор за осмислен план за уривање на државниот поредок

Од:

Сведочењата на дел од обвинетите за настаните од 27 април го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе на брутален и крвав начин за да се спречи промената на власта откако граѓаните го поразија режимот, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Признанијата на лица кои биле дел од овој план, докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни. Напротив, станува збор за осмислен план за убиство на политичари, линч на новинари, пратеници, загрозување на општата безбедност и уривање на државниот поредок. Неколку лица, директни учесници во таквиот план, вчера во транспарентната судска постапка, кажаа дека нарачател, организатор и помагач во овој монструозен план, биле структури под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сместени во највисоката безбедносна агенција – УБК како и Кабинетот на Ѓорге Иванов. Исказите се за планирања напад со молотови коктели и упад во седиштето на ДИК, за палење на автомобили и имоти на тогашни пратеници од опозицијата, следење на новинари и јавни обвинители, делење оружје на насилници, рече Костадинов.

Тој додаде дека структурите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не бирале средства за да ја задржат власта.

– За сето тоа време, пионот Христијан Мицкоски е десна рака на Груевски, а на 27 април стоеше пред вратите на Собранието. Ете зошто пионот Христијан Мицкоски бара целосна амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април. Јасно е, Мицкоски по секоја цена се обидува да ги спаси од одговорност неговите соработници и соработниците на Никола Груевски. Затоа Мицкоски организира протести за одбрана на криминалот и насилството на Никола Груевски. Тоа е неговиот вистински мотив, рече Костадинов.

Тој повтори дека последните искази на обвинетите докажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилство на 27 април.

– Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои организирале, нарачале и извршиле насилство и оние кои не извршиле насилство и биле заведени, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство