МОБ со операта „Севилскиот бербер“ гостува во Стара Загора

Од:

Македонската опера и балет денеска ќе ја изведе операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини во рамки на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора. Гостувањето на МОБ е на покана од Државната опера од Стара Загора.

Првото издание на Фестивалот се одржало во 1967 година под името Декемвриски музички денови, а иницијатор бил Маестро Димитар Димитров. На фестивалската сцена гостувале истакнати оперски и балетски имиња, како и европски оперски и балетски театри. Со учеството на Македонската опера и балет во 2015 година и уште 12 оперски театри од регионот е создадена таканаречена Балканска оперска мрежа, со цел да се активира соработката меѓу различни организации во музичко – сценката уметност.

Во операта „Севилскиот бербер“ ќе настапат Марјан Јованоски во улогата на Фигаро, Билјана Јосифов во улогата на Розина, Благој Нацоски (Гроф Алмавива), Владимир Саздовски (Дон Базилио), Невен Сиљановски (Дон Бартоло), Злата Тошевска (Берта), Кристијан Антовски (Фиорело), Саша Смилевски (Амброзио) и Борко Биџовски во улогата на Камениот човек. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режисер Урсула Хорнер од Австрија, сценографијата е на Марија Ветеровска, а за костимите е задолжена Марија Пупучевска.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска