Обвинет за 27 април: Кога излегов од Собранието сфатив дека сме изманипулирани од УБК

Од:

Владимир Атанасовски преку Нинџа го остваруваше својот интерес и влијание врз патриотските здруженија. Го праќаше Нинџа да раководи со нив чија беше и целта да се направат, да се има целосна контрола врз патриотската мисла во Македонија, рече обвинетиот Михаил Младеновски на денешното сведочење за „крвавиот четврток“.

– На 27 април околу 19:30 часот кога излегов од Собранието сфатив дека сме изманипулирани, искористени за тогашните функционери на УБК кои ја контролираа акцијата. Во февруари Бошковски лично ми кажа дека ситуацијата ќе ескалира, народот ќе влезе во Собрание во оној момент кога мнозинството ќе се обиде да избере претседател на Собранието. На прашањето како народот ќе влезе во Собрание кога ќе се соочи веројатно со отпор од полиција, Бошковски ми одговори дека ќе издејствува преку полициските станици да не се пружа отпор, а оние кои ќе пружат отпор да бидат повлечени према толпата, сведочи Младеновски.

Младеновски идентично како и неговиот брат, Стефан сведочеше за организацијата на 27 април која била спроведена од страна на високи функционери од УБК меѓу кои екс директорот Владимир Атанасовски и началникот Никола Бошковски кој моментално се наоѓа во бегство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април