Чоколадна бајадера со сусам

Од:

Фин и многу ароматичен колач…

Потребно е:
за првиот слој:
200 гр шеќер
150 мл вода
125 гр маргарин
100 гр печен сусам
200 гр мелени бисквити
1 лажица мед

за вториот слој:
100 гр чоколадо
3 лажици масло

за третиот слој:
200 гр шеќер
100 мл вода
125 гр маргарин
200 гр печен мелен сусам
200 гр мелени бисквити

за глазурата:
100 гр чоколадо
3 лажици масло

Подготовка:
– Ставете го сусамот во еден сув сад на рингла и тивко, со постојано мешање, тостирајте го додека да добие светло жолта боја. Оставете го да се излади.

– Од изладениот сусам земете 200 гр и сомелете ги, а 100 гр оставете несомелено.

– Во сув сад на рингла ставете 200 гр шеќер и оставете да се растопи до светло кафена боја. Додадете 150 мл вода и варете на тивко додека да се растопи. Сега додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот на страна и додадете 1 лажица мед, 100 гр печен сусам и 200 гр мелени бисквити.

– Топлата смеса ставете ја во калап (27х19 см) и убаво израмнете ја.

– Преминете на подготовка на вториот слој. Растопете го чоколадото со 3 лажици масло и оваа смеса прелијте ја над слојот во калапот. Оставете да се излади.

– Сега во друг сад на рингла ставете 200 гр шеќер, 100 мл вода и варете додека да се растопи шеќерот. Додадете 125 гр маргарин и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот од рингла и додадете 200 гр мелен сусам и 200 гр мелени бисквити. Убаво измешајте и оставете малку да се излади. Потоа ставете во калапот и израмнете.

– На крај истопете 100 гр чоколадо со три лажици масло и со ова прелијте го колачот. Одозгора може да украсите по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска