Димитров во работна посета на Брисел

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денека до 5 декември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.

Како што соопшти МНР, на состанокот ќе се разгледуваат прашања за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, како и улогата на Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на Авганистан и региoнот. На маргините на состанокот се предвидува министерот Димитров да оствари повеќе билатерални средби со негови колеги, со фокус на актуелни прашања поврзани со евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Посетата на Брисел ќе биде искористена и за средби во седиштето на Европската комисија со Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со комесарот за европска соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Министерот ќе се обрати и пред групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Ханс Ван Бален (АЛДЕ), при што ќе ги брифира европратениците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, како и за напредокот и планираната динамика на натамошните чекори во клучните реформски области.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО