(ВИДЕО) Заев: Прославувањето на Ханука ни ја праќа пораката дека дури и најмалото светло ја поразува темнината

Од:

По повод прославувањето на Еврејскиот празник Ханука, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, за прв пат го прославија почетокот на празничните денови Ханука, денови на посветеноста и фестивалот на светлината.

Премиерот Заев посака пријатно празнување на граѓаните во Република Македонија и во светот на овој голем Еврејски празник и посака сите да бидеме светлина таму каде што сме.

„Овој празник ме потсетува на тоа дека и кога изгледа невозможно да се помисли на победа, тогаш се појавува исклучителна сила и мотивација која не’ води напред. Тогаш сме соочени со сето она за кое вреди да се искористат последните сили. Така било и 165 години пред нашата ера кога наново бил осветен Храмот во Ерусалим. Со нашите драги пријатели од Државата Израел денес се сеќаваме на една таква чудесна победа за Израелскиот народ. Прославувањето на Ханука ни ја праќа пораката дека дури и најмалото светло ја поразува темнината! Дури и една мала држава како Македонија со препознавање и вреднување на различноста го осветлува патот за цел регион и носи порака на мир и победа на доброто“, порача премиерот Заев.

Неговата екселенција, амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, изрази големо задоволство за одбележување на празникот Ханука потенцирајќи дека oвој настан е уште еден показател за силните односи меѓу двете земји, важноста и соработката во областа на наследството што го делиме со Македонија.

„Тесните билатерални односи се зајакнати со јасен став на Македонија да ги поддржи напорите за да ја раскаже приказната за минатото, создавајќи еден фонд за холокаустот и музејот и земајќи активно учество за претворање на старите еврејски гробишта во Битола во спомен парк, со испраќање на наставници во Јад Вашем и борбата против антисемитизмот“, истакна амбасадорот Оријан.

На ова прво одбележување на највисоко ниво на Ханука во Република Македонија, гостин беше и Г-дин. Тал Броди, почесен амбасадор на добрата волја на Државата Израел и своевремен кошаркар кој има играно во националниот тим на САД и подоцна Државата Израел. Броди изрази огромна благодарност што Македонија денес за прв пат на ваков начин го одбележува овој празник, и сведочи за солидарноста помеѓу помалите држави да дадат заеднички глобален придонес.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска