Хоџај: Не споменав создавање на било каков пакт против Србија

Од:

Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај рече дека никогаш не споменал создавање на било каков пакт против Србија.

Како што наведе, насловот и она што го рекол во интервјуто за загребачкиот весник „Вечерњи лист“ се две сосема различни нешта.

„Никогаш не реков ништо за создавање на регионален пакт против Србија. Насловот на текстот и она што го реков се сосема различни работи“, рече Хоџај.

Информациите ги демантираше и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.

Претходно „Вечерње лист“ објави дека косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај кажал оти во Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора се разговарало за пакт против Србија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија