Програмата „Македонија чита“ посветена на творештвото на Горан Стефановски

Од:

Со едноминутно молчење за ненадејната смрт на македонскиот драматург Горан Стефановски, во присуство на добитникот на Нобеловата награда за литература Воле Сојинка од Нигерија и многубројни гости и посетители вчера во Домот на хрватските бранители во Пула, Хрватска свечено беше отворен 24. Саем на книга.

Годинава, како што соопшти Министерството за култура, во рамките на регионалната програма на оваа реномирана меѓународна саемска манифестација чија тема е „Слобода“, во фокусот се Македонија и современата македонска литература претставена преку неколку реномирани автори, меѓу кои Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири и др.

Програмата насловена „Македонија чита“ започнува вечерва и ќе биде посветена на творештвото на Горан Стефановски односно на промоција на неговата книга „Одисеј и други драми“, публикувана од Хрватската универзитетска издавачка куќа, што е прв превод на хрватски јазик на овој истакнат македонски автор. Саемот на книгата во Пула ќе трае до 9 декември.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Трагедија во Истра: Почина петгодишно девојче од Чешка, се истражува причината за смртта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Едномесечно бебе почина во семејна куќа во Пула

Мистеријата за авионот што се урна во Пула: „Ова веќе не е случај за полицијата, туку за ФБИ“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимка од местото на падот на авионот во Пула

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Градоначалникот во Пула снимен како се весели на музика на „народњаците“ кои ги забрани во градот

Предраг Петровиќ