Заев: Кога ќе дојде време со министерот Спасовски ќе ги кажеме резултатите од истрагата за бегството на Груевски

Од:

Ги знам сите детали, целосно сум информиран. Кога ќе дојде време јас и министерот Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство. Законите во Македонија налагаат дека кога имате налог од Јавното обвинителство истрагата треба да заврши и потоа да бидат соопштени резултатите и ние тоа ќе го почитуваме, изјави премиерот Зоран Заев за текот на истрагата околу бегството на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Унгарија, откако требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош