Не постојат причини за мерка притвор према Горанчо Ангелов, бараме замена на мерката притвор со куќен притвор. Со оглед на финансиската состојба на лицето тој не може да се даде во бегство, рече адвокатот на Ангелов, Драган Пешевски на денешната седница во Апелација закажана по барањето за укинување на притворот на обвинетиот.
– Горанчо е човек во средни години кој никогаш не бил во судир со законоот има 3 деца од кои 2 малолетни. Обвинетиот повеќе од 1 година се наоѓа во притвор. Причините за мерката не постојат. Овој обвинет во Собранието нема преземено никакви дејствија освен што влегол внатре, рече Пешевски.
Според адвокатот и јавноста смета дека мерката притвор е престрога. Тој до советот достави текстови од портали кои пишувале за притворот на Ангелов.
-Обвинетите во оваа постапка треба да имаат ист третман, не може едни да бидат ослободени а други обвинети за исто дело да бидат се уште во притвор, рече Пешевски.
Советот на Апелацискиот суд има рок од 48 часа да одлучи по ова барање на Ангелов.
Виктор Јованов