Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски присуствуваше на советувањето за инвестиции во здравствениот туризам во Брисел.
Во Европарламентот Бошкоски имаше средби со повеќе европратеници од центар-десниот политички спектар, Ружа Томашиќ и Алојзе Петерле каде разговараше за ситуацијата во Македонија и за нејзината иднина во европското семејство.
„Тие дадоа целосна поддршка на нашата земја во евроатлантските интеграции.
Претседателот на Обединети за Македонија овие месеци ќе има повеќе средби со европски политичари од политичкиот десен спектар“, се вели во соопштението на ОМ.