Мунир Пепиќ и’ кажувал шеги за кондурите на Шекеринска за да ја опушти

Од:

На судењето за настаните од 27 април во кривичниот суд, сведочеше разузнавачот Мунир Пепиќ. Тој рече дека критичниот ден следел непознато лице на протестите „За заедничка Македонија“ пред и во Собранието. Тој раскажуваше дека неговиот таргет говорел на мобилен телефон и правел „селфи“ фотографии.

Обвинетите и судиите почнаа да се смејат кога Пепиќ објаснуваше дека и’ рекол на повредената пратеничка Радмила Шекеринска дека не и’ личат кондурите за докторка.

„Госпоѓо Шекеринска кондурите не ви личат за докторка. Стварно така беше. Беше тоа една мала шала за да ја опуштам“, рече Пепиќ, по што судијката Кацарска и останатите обвинети во судницата продолжија да се смејат.

Судењето е во фаза на доказна постапка со изложување одбрана на обвинетите и изведување на нивните докази.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески