Димитров на состанок на шефови на дипломатии на Западен Балкан во Будва

Од:

Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од министерот Никола Димитров, на 29-ти и 30-ти ноември во Будва ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на МНР на Црна Гора, соопшти македонското Министерство за надворешни раборти.

Во рамки на предвидените две работни сесии на состанокот ќе се разменат мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан и обврските од Берлинскиот процес меѓу два самита (од Лондон 2018-та до Познан 2019-та), најавува МНР.

На состанокот покрај учеството на министрите за надворешни работи од регионот, предвидено е и учество на претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Австрија, Полска, Обединетото Кралство и Советот за регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија