ВИДЕО: Мијалков со три џипови со специјалци донесен во Кривичен

Од:

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков обвинет за повеќе предмети од страна на Специјалното јавно обвинителство, денеска во судот од затворот во Шуто Оризари беше спроведен во придружба на 3 џипови полни со специјалци во маскирна униформа наоружани со долги цевки. Возилото во кое се наоѓаше притворениот Мијалков влезе директно во гаражата од задниот дел на Кривичниот суд.

Мијалков денеска ќе присуствува на рочиштето за „Трезор“ кое е и прво рочиште откако минатиот вторник на 20 ноември од хотелот „Мериот“ беше приведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

На обвинетиот Мијалков одреден му е 30 дневен притвор за што преку адвокатите упати жалба по која утре или наредната недела ќе биде закажана јавна седница во Апелациониот суд.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ОЈО бара притвор за директорот на Геријатрија и за неговиот соработник