Почнува 8. „Анимакс Скопје фест“

Од:

Под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест“, од денеска до 2 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“.

Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 62 филма – 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил. Голем дел од филмовите кои ќе бидат во трка за нагадата „Златна тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот. Билетите за проекциите се по цена од 50 денари. Филмовите за деца ќе се прикажуваат викендот на 1 и 2 декември со почеток во 12 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го избере победникот. Проекциите за деца се бесплатни. Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца.

„Анимакс Скопје фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

Четириесет анимирани филмови во официјалната програма на 9. „Анимакс Скопје фест“

Ана Ололовска

Фестивалите „Мобил филм фест“, „Луѓе како нас“ и „Анимакс“ во декември во Кинотека

Ана Ололовска

Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот Анимакс

Наум Локоски

На осмиот Анимакс ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови

Наум Локоски