Фестивалите „Мобил филм фест“, „Луѓе како нас“ и „Анимакс“ во декември во Кинотека

Од:

На кинотечната програма уште неколку дена е во тек Неделата на полски филм: Светот на Кшиштоф Кјешловски, по која ќе следуваат неколку современи наслови од европските кинематографии.

Во декември во Кинотека ќе се одржи еднодневниот Филмски фестивал за планинско трчање „Луѓе како нас 2019”, организиран од Здружението „Трекс” со поддршка од ЕХО – Фестивал на планински филм и Кинотеката, 10. Мобил филм фестивал, а кинопрограма овој месец ќе заврши со тридневниот Меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс – Скопје фест“, со интернационална селекција на кратки анимирани филмови реализирани во различни техники.

Во пресрет на објавувањето на номинациите за Оскар, Кинотеката повторно ќе го прикаже македонскиот кандидат за престижната награда на Американската филмска академија – документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

На програмата на Кинотека во декември се и неколку балкански филмови кои беа прикажани на „Синедејс“ минатиот месец – „И покрај маглата“ на Горан Паскаљевиќ, негов прв филм снимен во Италија, хрватскиот филм „Глас“ на Огњен Свиличиќ (македонска малцинска копродукција), хрватскиот документарец „Туста“ за култниот панкер Бранко Чрнац-Туста од пулскиот бенд КУД Идиоти, како и музичкиот документарец „Ќеиф (македонската чалгиска традиција“ во режија на Блаже Дулев.

Кинотеката соопшти дека од почетокот на 2019 година била домаќин на над 400 проекции со повеќе од 10.000 посетители, десетина циклуси на големите мајстори на филмот и уште толку филмски недели од различни национални кинематографии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска