Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот Анимакс

Од:

Златната Тула за најдобар анимиран филм на осмото издание на Анимакс Скопје Фест ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот. Со втора награда (Сребрена Тула) се закити белгискиот филм „Гну“ од Николас Кепенс и Матијас Флипс, додека Бронзената Тула ја доби естонискиот филм „Музеј“ од Аги Пак Ји Ли. Специјални награди добија македонскиот филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов и бугарскиот филм „Грда Сказна“ на Радостина Нејкова за техника на анимација. Детската публика го изгласа филмот „Гено“ од Грузија на Дато Кикнавелизе за најдобар детски филм на Анимакс #8.

За наградите одлучуваше меѓународната жири комисија во состав Ана Недељковиќ (Србија), проф. д-р.Надежда Маринчевска (Бугарија) и Гоце Цветановски (Македонија).

На четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест беа прикажани 50 краткометражни анимирани филмови и 12 анимирани филмови за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.

На фестивалот беа одржани и 2 работилици за деца под наслов „Двајца се караат, сите губат„ и „Добар, лош, грд, убав, се се тоа карактери“. На работилниците учествуваат околу 100 деца.
Настанот се одржа од 29 ноември до 2 декември под мотото „Не понекогаш. Засекогаш“ во Кинотека на Македонија.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија. Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Ана Ололовска

Четириесет анимирани филмови во официјалната програма на 9. „Анимакс Скопје фест“

Ана Ололовска

Фестивалите „Мобил филм фест“, „Луѓе како нас“ и „Анимакс“ во декември во Кинотека

Ана Ололовска

Почнува 8. „Анимакс Скопје фест“

Наум Локоски

На осмиот Анимакс ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови

Наум Локоски