(ВИДЕО) Богоев: Карпош ќе се шири кон периферијата

Од:

По повод едногласното усвојување од страна на советниците на Советот на Општина Карпош на ДУП-от за Градска четврт ССИ 03 од Блок 4, Општина Карпош поточно делот на Касарната „Илинден“ кој потпаѓа под Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев ја даде следната изјава:

– Денеска, Советот на Општина Карпош донесе Одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план во рамки на Касарната „Илинден“. Тоа е деталниот урбанистички план Севвер, Северо-Исток 03, Блок 4, каде што според новиот ДУП се предвидува изградба на станбени згради од приземје пет ката и поткровје, со височина од 21 метар,, а се предвидува и изградба на ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана. Целта на оваа Предлог – Одлука е онаа за која што зборував во месеците и годините наназад, дека Општина Карпош треба да се шири по периферните делови, особено кога станува збор за станбено домување во делот на Касарната „Илинден“. Овој детален урбанистички план ги има поминато сите фази, сите јавни анкети, сите јавни расправи, и секеко, сите одлуки кои се потребни за истиот, рече Богоев.

-Она што денес беше на дневен ред беше и Предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 02 , опфаттот помеѓу Жданец, Трнодол и Нерези, меѓутоа, беше повлечен на седницата на Совет на барање на граѓани, а ние од самиот почеток ветивме дека деталните урбанистички планови ќе ги носиме за и во консултација со граѓаните. Продолжуваме, заедно со граѓаните да го развиваме Карпош, плански, законски и особено на периферните делови на Општината.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис, целта е забрзан економски раст

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

(ВИДЕО) Богоев при посетата на Костал: Ефективноста на Царината видлива преку зголемување на извозот на странските директни инвестиции

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров