Попладнево на 66 годишна возраст во Кентбери, Англија почина македонскиот драматург Горан Стефановски.
Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Тој завршил Филолошки факултет во Скопје, ангиски јазик и книжевност, а студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.
Работел во Телвизија Скопје во драмската редакција, а бил и асистент на Филолошкиот факултет во Скопје.
Беше член на македонскиот ПЕН центар, како и на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година. Во 2004 година стана член и на МАНУ.
Тој ќе остане запаметен по неговите драми преку кој на предава историјата на македонскиот народ со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Негово најпознато дело е драмата „Диво Месо“.
Стефановски е добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.