Со натпреварот Тотенхем – Њукасл денеска од 13 часот и 45 минути почнува тридневната програма од 26. коло во фудбалскиот шампионат на Англија.
На другите шест денешни натпревари играат: (од 16 часот) Челзи – Виган, Норвич – Фулам, Стоук – Рединг, Сандерленд – Арсенал, Свонси – Квинс Парк Ренџерс и (од 18:30) Саутемптон – Манчестер Сити.
Лидерот на табелата Манчестер Јунајтед утре го пречекува Евертон, а Астон Вила е домаќин на Вест Хем.
Колото ќе биде заокружено в понеделник со натпреварот Ливерпул – Вест Бромвич Албион.
Табела: Манчестер Јунајтед 62 бодови, Манчестер Сити 53, Челзи 46, Тотенхем 45, Евертон 42, Арсенал 41, Ливерпул 36,..