(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Црно време, црна сиромаштија, младите и граѓаните се со празни џебови

Од:

„Народот е со празни џебови. За тоа е најзаслужна владата. Ременот дополнително се стега. Сега се предвидува и зголемување на даноците. Зголемувањето на даноци значи ставање на раката на државата во џебот на граѓаните“, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Црно време за црна сиромаштија, а младите и граѓаните со празни џебови.

Затоа денес симболично оставаме пред министерството за арач и финансии стари панталони со празни и искинати џебови, како порака дека народот е без пари, младите се без егзистенција, а зголемувањето на даноците ќе ја направи државата уште посиромашна а иднината на сите уште по црна.

Токму ваков е, празен и искинат е џебот на граѓанинот, со зголемување на даноците ќе биде пробиено дното. Владата треба да се свести дека народот гладува и живее црн живот. Вклучен е алармот, затоа ги повикуваме сите млади да го кренат гласот и да ни се приклучат во протестите на ВМРО-ДПМНЕ, против зголемувањето на даноците, против сиромаштијата, против неисполнетите ветувања против ова црно време“, изјави Филип Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус