Денешното рочиште за „крвавиот четврток“, по исказот на сведокот на Крсто Мукоски, продолжи со предложените докази на обвинетиот пратеник, Љупчо Димовски.
Станува збор за видео снимки од различни гостувања во емисии на пратеникот и говори од собраниската говорница, каде според неговиот адвокат Еленко Миланов, се гледа дека раширените дланки на Димовски се всушност негови природи гестикулации и не значат отворање на собраниските врати на 27 април.
„Од снимките кои се прикажуваат, судот има можност да се увери дека станува збор за природи гестикулации на Љупчо Димовски кои од страна на Обвинителството сакаат да се претстават како негови движење кои укажуваат на преземени дејствија на 27 април, односно отворање на вратите. Истите гестикулации пратеникот ги правел две години пред 27 април 2017-та година“, рече Миланов.
Виктор Јованов