Сугарески: Парцелата спроти „Холидеј ин“ е законски откупена

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека е во согласност со Законот за градежно земјиште продажбата на парцелата за објектот што се најавува дека ќе се гради кај паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје и постигнатата продажната цена за земјиштето од 300 евра за метар квадратен.

– Се е во согласност со Законот за градежно земјиште, тоа може секој да го провери и ги повикувам сите институции и заинтересирани да го сторат тоа. Согласно Законот за градежно земјиште секој кој има повеќе од 30 проценти од парцелата му се дава можност да го откупи градежното земјиште. Така е постапено и во овој случај, а има позитивно мислење и од Државното правобранителство, изјави министерот Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.

За натамошните работи во делот на градбата Сугарески упати на одговори од општина Центар согласно плановите кои ќе се изработуваат, а кои потоа се испраќаат за соглансот од Министерството за транспорт по што ги усвојува општинскиот Совет.

Како што информираа претходно од ресорното Министерството, купувач на парцелата е ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ ОБНОВИТЕЛИ ДОО Скопје. Договорот е склучен на 25. минатиот месец со непосредна спогодба согласно член 68 од Законот за градежно земјиште.

Цената на градежното земјиште се пресметува согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп како и за засновање на право на стварна службеност која ја донесува Владата на Република Македонија. Конкретната градежна парцела, како што наведоа од ресорното Министерство, е отуѓена по цена од 19.200 денари за метар квадратен, за што е уплатена вкупна сума за градежното земјиште во сопственост на државата во износ од 173.721.600 денари во Буџетот на Република Македонија.

Договорот е склучен на 25 октомври годинава и со тоа е направена и продажбата. Тој се склучува помеѓу барателите и Министерството за транспорт и врски, по претходно прибавено мислење од Државното правобранителство на РМ.

Вкупната површина на градежната парцела изнесува 13.653 метри квадратни, од која приватна сопственост е 4.605 метри квадратни, а сопственост на државата изнесува 9.048 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух