Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола трката за титулата шампион на Англија со Ливерпул ја спореди со ривалство во тенисот меѓу Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Шпанецот верува дека конкурентот од „Енфилд“ придонесува за подобри игри на Сити, слично како што игрите и резултатите на Ѓоковиќ, Надал и Федерер меѓусебно влијаат мотивирачки.
– Ливерпул ни помага. Многу од слична со Надал, Федерер и Ѓоковиќ. Тие с е„туркаат“ едни со други. Ни треба силни конкуренти и играчите го знаат тоа. Тие знаат колку е силен Ливерпул и играат на највисоко ниво. Не смеат да испуштаат бодови. Во спротивно Ливерпул ќе биде шампион, рече Гвардиола.
Како силни конкуренти ги смета и Челзи, Тотенхем и Арсенал, а тука не го смести Манчестер Јунајтед.
Сити во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со 35 бода, два повеќе од Ливерпул, пет од Тотенхем, а седум од Челзи.