Харадинај: Договорите меѓу Косово и Албанија водат кон обединување на економиите на двете земји

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, отворајќи ја денешната заедничка седница на Владите на Косово и Алабанија во Пеќ, изрази уверување дека договорите што денеска ќе бидат потпишани ќе придонесат за обединување на економиите на двете земји.

– Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите, изјави Харадинај.

Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.

– Како и секој друг народ, и косовскиот очекува одлуката на ЕУ за визна либерализација да биде позитивна, изјави Харадинај.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ