Мотивациски викенд во МОТ

Од:

Здружението на граѓани „Младите можат” викендов во Скопје го организира петтиот по ред традиционален Мотивациски викенд. Настанот наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех ќе се одржи на 24 и 25 ноември (сабота и недела), во Македонска опера и балет, од 16 до 20 часот.

Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите соништа и цели, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. Мотивацијата е главниот двигател што овозможува да се постигнат саканите цели и ги поттикнува младите да го остварат она што го сакаат во својот живот.

Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови, и работилници за личен и професионален развој.

Присутните млади ќе имаат можност да слушнат неколку говорници кои ќе ги споделат со нив нивните животни приказни, успеси, но и предизвици со кои се соочиле на патот до успехот.

Четирите работилници на кои младите ќе имаат можност да учествуваат се на теми „Маркетинг 360“ – од Creative Hub, „Маркетинг на социјални мрежи 101“ – од Brainster, Elevator pitch – од Колеги&Колешки, „Како од парите да направите пари“ – од „Илирика Фонд“. Настанот Мотивациски викенд 5 е во реализација на „Младите можат“, а со поддршка од фондацијата Schuler Helfen Leben од Германија.

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите