Реал го заштити Рамос по обвинувањата за допинг

Од:

Раководството на Реал Мадрид реагираше на информацијата на германскиот весник „Шпигел“ дека капитенот на „кралскиот“ клуб, Серхио Рамос бил фатен со допинг по финалето на Лигата на Шампионите во Кардиф во 2017 година.

Од Реал категорично ја демантираат информацјата на весникот „Шпигел“, кој, пак, се повикува на податоци на „Фудбал ликс“.

Еве што пишуваат од „Сантијаго Бернабеу“:

Во врска со информациите од „Шпигел“ за нашиот капитен Серхио Рамос, клубот го изјавува следново:

1. Серхио Рамос никогаш не ги прекршил прописите за контрола на допинг.
2. УЕФА побара навремени и точни информации и веднаш заврши случајот, како што и обично се прави во такви моменти, по проверка извршена од самите експерти на Светската антидопинг агенција и на самата УЕФА.
3. Во однос на остатокот од гореспомената публикација, клубот нема да се произнесе пред појавата на докази за нивната вистинитост“.
Инаку, во финалето во Кардиф, Реал го победи Јувентус и така ја освои по 12-ти пат во историјата Лигата на Шампионите.

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донираше 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите

А1он

Фудбалерите на Реал го шокираа фудбалскиот свет – никој нема да оди на доделување на „Златната топка“

А1он

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски