Додик не ја прифати честитката од Трамп: 25 ноември не е мој Ден на државноста

Од:

Претседавачот со Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави денеска дека му одговорил на претседателот на САД Доналд Трамп, по повод неговата честитка за Денот на државноста на членовите на Претседателството на БиХ, така што му упатил писмо во кое му објаснил дека Денот на државноста на БиХ не е негов празник.

-Добив денеска честитка од претседателот на САД во која ми го честита „Денот на државноста на БиХ. Му напишав дека тоа не е мој Ден на државноста и дека Србите и Република Српска не се согласиле на тоа.
Го известив дека можеме да разговараме за ЕУ интеграциите, но оти не можеме за НАТО, изјави Додик.

Трамп во писмото упатено на членовите на Претседателството на БиХ наведе дека Америка ќе продолжи да дава поддршка на аспирациите на БиХ кон евроатланските институции, вклучувајќи го и членството на НАТО и ЕУ.

Додик рече оти се лажни тврдењата дека е донесена одлука за пристапување на БиХ во НАТО и дека тоа и е добро познато на американската амбасадорка во Сараево.

-Иако не се согласувам со писмото што го добив од Трамп, сметам дека ова е почеток на добра комуникација меѓу нас, рече Додик.

Додик и натаму е на „црната листа” на луѓе кои имаат замрзнати средства и им е забрането да патуваат во САД, бидејќи, според Вашингтон, политиката што ја застапува го доведува во прашање Дејтонскиот договор.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД