Промовиран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Јегуновце, Тони Коцевски

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Јегуновеце, Тони Коцевски денеска беше промовиран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат во оваа тетовска општина на претстојните локални избори во март. На неа присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаревски

.
– ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорен пристап и домаќинско работење и покажува дека работиме на сите полиња каде има предизвик, а секогаш заедно со граѓаните и во нивен интерес. Тони Коцевски успеа за кратко време да направи за општината многу работи и многу повеќе од тоа што не било преземено повеќе децении во овој реон, изјави Лазаревски.

Коцевски во својот говор потсети на дел од преземените активности во неговиот досегашен мандат, како и најавите за следните активности.

– Во општина Јегуновце ретко може да се најде неасфалтирана улица или локален пат.Ќе продолжиме да ја градиме општината на сите полиња. Во новата програма приоритет ќе има завршувањето на водоснабдителниот систем за 11 населени места, како и заедничкиот проект со Министерството за образование и наука за изградба на спортска сала во Јегуновце во текот на 2014-та година вредна околу 40 милиони денари, изјави Коцевски.

Тој рече дека ќе работи на реализација и на останатите приоритетни проекти за подобрување на животот на младите низ местата во општината за да се спречи нивната миграција од селата, унапредување на образовниот процес како важен приоритет.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски