Двајца пакистански полицајци загинаа и еден чувар е повреден во напад што денеска е извршен врз кинескиот Конзулат во Карачи.
Полициски извор информира дека дипломатите од Конзулатот не се повредени.
Експлозијата, проследена со истрели, се случила утрово во луксузната населба Клифтон, каде што се наоѓа конзулат во Кина, заедно со дипломатски претставништва на неколку други земји.