(ВИДЕО) СДСМ: Обезбедуваме повеќе пари и поголема грижа за земјоделците „зелена нафта“ и нови капитални инвестиции

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува посветен на грижата за земјоделците, обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и развој на земјоделството.

Во таа насока, предлог Буџетот за 2019 година подготвен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството“, рече Славица Шуманска -Митева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделците.

Земјоделците добиваат над 6,6 милијарди денари за целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите.

За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку за оваа година.

Во наредната година, година за првпат во историјата ќе се реализира и мерка „зелена нафта“ којашто ја ветивме пред земјоделците.

Тоа ќе значи поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, со што ќе се намалат трошоците за производство.

Во 2019 година, земјоделците добиваат и 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.

Ова се само дел од мерките што обезбедуваат зголемена помош и поддршка за земјоделците.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките што го унапредуваат земјоделството кое е една од најзначајните стопански гранки во државата“, изјави Славица Шуманска -Митева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025