Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“ бидејќи судот поради краткиот временски период по синоќешното приведување на Мијалков не издал навремена наредба за негово спроведување на денешното рочиште, информираше судијката Џанета Бектовиќ.
„Со оглед дека на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка притвор и истиот е примен на ден 20.11.2018 во 19:55 часот, а поради краткиот временски период судот нема издадено навремено наредба за спровод за обвинетиот Сашо Мијалков за денешната главна расправа, таа се презакажува за 4 декември“, рече Бетковиќ.
Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО, вчера вечер околу 20 часот беше приведен и спорведен во затворот во Шуто Оризари.
Од Специјалното јавно обвинителство посочија дека Мијалков бил приведен по нивно барање, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.
Притворот на Мијалков е во време траење од 30 дена.
Виктор Јованов